Top Sport

Фетел: Мојата иднина во Ф1 зависи од развојот на Астон Мартин

Четирикратниот шампион во Формула 1, Себастијан Фетел, вели дека неговата иднина зависи од развојот на неговиот тим, Астон Мартин.

„Вистината е дека следните трки, следните недели и месеци ќе одредат како ќе се развива мојата иднина“, изјави Фетел за германската телевизија „АРД“.

„Врнеше дожд на последната трка во Италија и успеавме да ја искористиме предноста“, додаде поранешниот Ф1 првак.

34-годишниот Германец ги пропушти првите две трки оваа сезона поради коронавирус.

„Ситуацијата нема да биде иста секој викенд, но мислам дека ќе биде нормално да бидеме поназад во поредокот. Тешко е затоа што тоа не е ниту мој пристап, ниту цел. Но, сепак се забележува дека тимот напредува. Формула 1 беше нешто што ме возбудуваше во последните години, но има и други работи во животот“, изјави Себастијан Фетел, кој освои четири титули со тимот на Ред Бул во периодот од 2010 до 2013 година.

Scroll to Top