Top Sport

Фетел му одговори на Хамилтон: Да ставиме Ферари за безбедносно возило

Себастијан Фетел вели дека не се обидувал да го попречи Луис Хамилтон зад него на Азербејџанското ГП кога на патеката беше безбедносното возило, откако возачот на Мерцедес побара казна за неговото „забрзување и успорување“.

При првото излегување на безбедносното возило во Азербејџан, Фетел ги „собра“ сите зад него на долгиот рамен дел, по што го промени правецот, чекајќи до последната секунда да додаде гас.

Хамилтон не беше импресиониран, но Германецот вели дека главната причина биле гумите кои не биле загреани.

„Безбедносното возило требаше да забрза. Беше тешко да се одржи температурата во гумите. Можеби по толку години со Мерцедес како безбедносно возило, треба да го смениме со Ферари“, изјави саркастично Фетел.

Иако беше на добар пат да стигне до третата победа во четвртата трка од шампионатот пред Хамилтон да победи и да го помине во генерален пласман, Фетел не е многу обесхрабрен.

„Резултатот не менува ништо. Ние остануваме со многу добар болид и знаеме дека другите го знаат тоа“, додава Фетел.

Хамилтон бара казна за Фетел за прекршување на правилата

Scroll to Top