Top Sport

Фетел: На Интерлагос во Бразил секогаш нешто чудно се случува!

Формула 1 пилотот на Ферари, Герменецот Себастијан Фетел пред неделната трка за Големата награда на Бразил рече дека отсекогаш бразилската трка во Интерлагос носела големи изненадувања, па не е исклучено нешто слично да има и претстојниот викенд.

„Трката во Сао Паоло секогаш излегува дека е посебна. Сè може да се случи таму. Не знам зошто, но нешто чудно постојано се случува на таа патека. И ако за една година немаше ништо, тогаш тоа сигурно ќе биде следната. Во принцип, трката на Интерлагос е добра за нашите автомобили изминатите неколку години. Се сеќавам дека добро настапивме овде, Кими беше на подиум минатата година, а пред неколку години победивме тука. Се надевам дека овој викенд среќата исто така нема да не одмине“ – изјави Фетел.

Германецот моментно е на петтото место во генералниот поредок, а новата шампионска титула повторно оди во рацете на Британецот, Луис Хамилтон.

Scroll to Top