Top Sport

Булси имаат нов херој – се вика Коби, а направи сензација поголема од оние на Џордан (видео)

19-годишно момче во НБА лигата направи нешто неверојатно на почетокот на својата кариера. Се чини дека Чикаго го доби новиот Мајкл Џордан.

Дебитантот Коби Вајт на мечот против Њујорк направи нешто што ниту на летечкиот МЈ не му успеа додека беше меѓу „биковите“.

Булси триумфираа над Никси со 120-102, а клучен играч беше тинејџерот кој стигна од Универзитетот „Северна Каролина“.

Момчето кое го носи името по легендарниот Коби Брајант експлодираше во последната четвртина кога уфрли дури 23 поени, со 7 тројки.

Никогаш, ниту еден играч на Булси, ни Џордан, не успеал да погоди 7 тројки за една четвртина.

Вајт мечот го заврши со 27 поени. Од трибините за првпат го следел во живо неговиот тренер од Универзитетот.

„Тренерот ми рече да излезам и да бидам Коби. Тоа беше се што требаше да направам, благодарен сум му што дојде да ме гледа, јасно е дека „Каролина“ е едно големо семејство“ рече Вајт по мечот.

Scroll to Top