Top Sport

Бекам го сака Модриќ во Интер Мајами

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ ја игра својата осма сезона во дресот на Реал Мадрид.

Иако хрватскиот фудбалер во неколку наврати споменуваше дека има желба да се прости од фудбалот во дресот на Кралевите, сепак се почесто се појавуваат информации за негова преселба во друг клуб.

Најново – се појави веста дека за услугите на Модриќ е заинтересиран Интер Мајами. Еден од сопствениците на клубот од САД е Дејвид Бекам кој е претседател во Интер Мајами, фудбалски клуб кој наредната сезона ќе се натпреварува во МЛС лигата.

Во северноамериканската лига често заминуваат фудбалери кои се на залезот на кариерата како што е случајот со Златан Ибрахимовиќ, Вејн Руни, а претходно и Стивен Џерард.

„Можната нова дестинација на Модриќ е преубавиот град Мајами. Дејвид Бекам, еден од сопствениците на Интер Мајами сака Лука да ја заврши кариерата токму во тој клуб“ – изјави шпанскиот новинар Едуардо Инда.

Тој смета дека Реал Мадрид не би имале ништо против на ова.

„Реал Мадрид би го пуштил, затоа што Модриќ идната сезона ќе наполни 35 години“ – додаде Инда.

Договорот на Хрватот со Кралскиот клуб е до идното лето, а се уште е непознато дали ќе му биде понуден нов договор или тој ќе си замине без отштета.

Scroll to Top