Себастијан Фетел смета дека неговиот нов тимски колега Шарл Леклер ќе го постави под притисок во Ферари оваа сезона, откако првата трка во Австралија беше одбележана со тимската наредба за младиот возач од Монте Карло.
Фетел беше подобар во квалификациите и во трката во Мелбурн од 21-годишниот Леклер, меѓутоа тој беше зад него во финишот на трката, кога преку радиото доби порака да не се обидува да го претекнува Германецот.
„Тој е навистина добро подготвен и од тоа што го видов досега, ќе постави голем притисок на мене во текот на целата сезона. Го сфаќам тоа уште сега. Тој е многу талентиран возач и се надевам дека ќе биде забавна битка“, вели Фетел.
Германецот исто така зборуваше за неговите шанси за титулата оваа година по разочарувачката прва трка во Австралија и тој смета дека има шест фаворити за титулата – возачите на водечките три тима Мерцедес, Ферари и Ред бул.
„Можам да зборувам само за себе, но мислам дека повторно имаме три големи тимови кои имаат потенцијал да станат шампиони. Ќе биде тесно и интересно“, додава Германецот.
Леклер потврди дека имало тимски наредби во корист на Фетел (видео)