Себастијан Фетел призна дека самиот си најголемиот непријател во обидот да ја донесе првата титула за Ферари по 11 години.
Фетел направи низа возачки грешки по кои е 30 поени зад асот на Мерцедес, Луис Хамилтон и покрај тоа што Ферари на прв поглед го има најбрзиот болид во Ф1. Пред неделната трка во Сингапур, Германецот признава дека грешките се само негови.
„Мојот најголем непријател е Себастијан Фетел. Но, ситуацијата е прилично едноставна. Тој е напред во моментов и треба да го победиме. Не помага кога стартуваш од првиот ред, и веднаш се извртуваш“, вели Фетел.
Тој направи грешки во Азербејџан, Франција, Германија и Италија и сега на седум трки пред крајот се наоѓа пред тешка задача. Грешката во Хокенхајм најмногу болеше – таму тој излета на дожд додека водеше во финишот на трката дозволувајќи му на Хамилтон да стигне до победа.
„Најважно е што знам што се случи и можам да го објаснам. Сакав да победам во Германија, но искрено гледам напред без да размислувам на тоа што се случи“, додава Фетел.
Фото: ЕПА