Top Sport

Виери: Милан требаше да загубат со 6:0

Кристијан Бобо Виери го коментираше дербито на Милано со кратка оценка: „Да не беше Џиџи Донарума, Интер ќе победеа со 6:0“.

Многу навивачи на Милан беа разочарани од тоа што го покажа нивниот клуб при 2:0 поразот на „Дерби дела мадонина“ и Виери, кој во кариерата играше за двата клуба, се согласува дека Интер биле супериорни.

„Немаше вистински натпревар. Видовме голема партија на Интер, но по лошиот настап во Лигата на шампиони тоа беше за очекување. Беше очигледно дека ќе влезат силно, со пресинг и желба. Милан не направија речиси ништо – имаа една шанса преку Сусо. Да не беше Донарума, Интер ќе победеше со пет или шест разлика. Но, фановите на Интер се луди – по Лигата на шампионите, сакаа да ги пратат во прогон навивачите, три дена подоцна, тие повторно се најдобри“, вели Виери.

Scroll to Top