Себастијан Фетел ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Германија. На патеката Хофенхајм, возачите на Ферари водеа голема борба со Валтери Ботас, а Фетел до пол-позицијата дојде во последниот круг од сесијата. Актуелниот првак Луис Хамилтон, ќе стартува од 14.место, бидејќи излета од патеката во втората квалификациска сесија.
Фетел постави рекорд на патеката, откако неговиот најбрз круг изнесуваше 1:11.212 минути. Германецот рекордот го постави откако измина времето предвидено за квалификациите. Претходно, Валтери Ботас ја имаше пол-позицијата со време 1:11.416 минути.
Од вториот ред утрешната трка ќе ја започнат Кими Раиконен на Ферари и Макс Верстапен на Ред Бул, а зад нив се пилотите на Хас, Кевин Магнусен и Роман Грожан.
Четвртиот ред е резервиран за двајцата возачи на Рено, Нико Хилкенберг и Карлос Саинц, деветти е Шарл Леклер на Заубер, а десетти Серхио Перез на Форс Индија.
Хамилтон ќе стартува од 14.место, а Даниел Рикардо од последното, бидејќи менуваше делови на својот болид.
Траката за Големата награда на Германија се вози, в недела, со почеток од 15:10 часот.