Top Sport

Фетел: Уште не сум „готов“ за пензија

И покрај многубројните шпекулации кои тврдеа дека тој размислува за повлекување од спортот на крајот на сезоната, четирикратниот Ф1 шампион Себастијан Фетел вели дека не размислува за пензија и покрај тешките моменти за Ферари во сезоната 2019.

Германецот е полн со фрустрации во последно време, посебно откако му беше одземена победата од Канадското ГП со казна од 5 секунди, што ќе беше прв триумф за Скудерија во сезона во која Мерцедес има апсолутна доминација. По ова во Италија и Шпанија се тврдеше дека Ферари се подготвени да го вратат Фернандо Алонсо во тимот и во Ф1 ако Фетел реши да си замине.

Но, Фетел вели дека шпекулациите не го загрижуваат.

„Ако секогаш се осврнувам на шпекулациите, тогаш сигурно ќе бидам во Ф1 и подоцна отколку што планирам. Јас сум тука, го сакам тркањето. Болидите се одлични за тркање, многу се брзи, можеби најбрзи што сме ги иимале. Можеме да ме подобри? Секако! Дали е само до мене? За жал не. Ќе видиме што ќе донесе иднината, но сега сум тука и следната година сум тука, така што нема грижи“, вели Фетел.

Scroll to Top