Top Sport

Салах во одбрана на колегата: Варда не треба да го пратиме на гилјотина

Египетската фудбалска мега-ѕвезда, Мохамед Салах застана во одбрана на неговиот колега од репрезентацијата Амр Варда по обвинувањата за сексуално вознемирување, велејќи дека тој не треба да биде „пратен на гилјотина“.

Варда беше вклучен во голем скандал во Египет, откако британскиот модел со египетско потекло Мерхан Келер објави делови од неговите пораки со сексуална содржина, какви што тој праќал на повеќе жени. Египетската фудбалска федерација објави дека тој е исфрлен од тимот поради прекршување на дисциплинскиот код.

„Жените мораат да бидат третирани со најголема почит, и тие кои прават грешки треба да бидат поучувани да се поправат, а не да бидат пратени на гилјотина, што е најлесно. Не значи не, и тие работи треба да бидат свети. Но, секој човек кој прави грешки може да се поправи и верувам во втори шанси. Да предводиме и да едуцираме. Отфрлањето не е одговор“, вели Салах.

Фудбалер на Египет исфрлен од селекцијата поради сексуално вознемирување

Scroll to Top