Top Sport

Фетел: Веќе не ни дозволуваат да се тркаме

Себастијан Фетел вели дека на Формула 1 возачите веќе не им е дозволено да се тркаат еден со друг поради големиот број на истраги за инциденти и строгите казни од стјуардите.

Возачот на Ферари доби казна од три места на стартот на Австриското ГП минатиот викенд поради попречување на Карлос Саинс Јуниор во Рено во квалификациите иако инцидентот немаше влијание на резултатот на Шпанецот, нешто што и самиот возач го призна.

Фетел вели дека ваквиот притисок е „непотребен“.

„Не сум голем фан на овие казни, го кажував тоа и во минатото  дека се работи за грешка на возачите, бидејќи во петок попладне на брифинзите се жалиме за одлуките и постојаноста. Мотоспортот не е црно-бел и секоја одлука не може да биде иста и не гледам потреба за казни, но таков стана спортот. Секој инцидент мора да се разгледа и веќе не се дозволени таканаречените ’тркачки инциденти’. Имаме голема книга со правила со наслов ’Немате дозвола да се тркате’. Такво е чувството“, вели Фетел.

Тој вели дека некој друг возач ќе се најде во иста ситуација како него во Австрија.

„Во Шпилберг никој не беше повреден, Карлос самиот кажа дека нема проблем и ме разбира, но на крајот пак бев казнет. За мене беше лошо, но ќе биде такво и за други возачи понатаму во сезоната. Не направив нешто лудо, но некогаш грешиш“, додава Германецот.

Фото: ЕПА

Scroll to Top