Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, ја призна својата вина за грешката, поради која не успеа да победи на трката за Големата награда на Германија. Возачот на Ферери, на новинарите им рекол дека нема да се оптоварува со она што се случило на патеката во Хокенхајм.
Фетел беше лидер на патеката се до моментот кога заврnан дожд, тој излета неколку круга подоцна во свиокот број 13.
„Удрив во заштитната ограда и тогаш ми беше јасно дека не можам да се извлечам. Како можете да прифатите нешто такво? Не се сoгласувам дека направива голема грешка. Не е нешто поради што нема да можам да спијам вечерва. Дождот не беше потребен“, рекол Фетел.
На крајот победата во Германија победи Луис Хамилтон пред тимскиот колега Валтери Ботас. Со новите 25 бода Хамилтон се врати на лидерската позиција во генералниот пласман. Бротанецот има 188 бода, 17 повеќе од Фетел.
„Имаме одличен болид, мораме да бидеме полни со самодоверба. Ова беше моја грешка. Се случуваат такви моментни. Сакам да му се извинам на тимот“, рекол Фетел.