Тото Волф, првиот човек на Мерцедес, не ја отфрла можноста тимот да го ангажира Себастијан Фетел доколку си замине еден од двајцата актуелни возачи. Фетел по завршувањето на оваа сезона ќе замине од Ферари. Засега нема најави каде тој би можел да ја продолжи кариерата.
Фетел се поврзува со Мерцедес бидејќи договорите им истекуваат на Луис Хамилтон и Валтери Ботас.
„Може да се случи еден од двајцата возачи да дојде и да каже: ‘Јас повеќе не сакам да вози за вас’. Во тој случај ќе имаме празно место. Поради тоа во овој момент не сакам да кажам дека ‘нема шанси’ Себастијан да дојде кај нас. мораме да имаме почит кон човекот кој има четири титули, не можеме без размислување да му кажеме ‘не’. Едноставно мораме да ги оставиме отворени сите опции“, рекол Волф.
Себастијан Фетел во кариерата возел и за Торо Росо, односно Ред Бул.