Top Sport

Јуве постигнале договор со Игуаин – Аргентинецот си оди од Торино

Јувентус и Гонзало Игуаин се согласиле во летниот преоден рок заеднички да работата на неговото заминување од клубот. Аргентинецот во 2016 година за 94 милиони евра од Наполи пристигна во Јувентус, една сезона мина како позајмен игра најпрвин во Милан, а потоа и во Челси.

Клубот и фудбалерот се согласиле дека разделбата треба да биде пријателска поради што заеднички ќе работат на неговиот трансфер. Заминувањето на Игуаин ќе отвори простор во финансискиот дел за да може Јувентус да ангажира нов играч.

Игуаин е еден од најплатените фудбалери на „старата дама“, годишно заработува 7,5 милиони евра.

Интерес за Аргентинецот има кај неколку европски клубови, но и кај клубови од другата страна на Атлантикот.

Во МЛС за него се интересираат ДЦ Јунајтед и ЛА Галакси, а често се шпекулира дека тој може да се врати во матичниот клуб Ривер Плата.

Scroll to Top