Себастијан Фетел инсистира дека тврдењата дека Ферари имале доминантен болид во првиот дел од сезоната во Ф1 е погрешна, инсистирајќи дека тие никогаш ја немале предноста како тимот на Мерцедес.
Фетел имаше одличен старт на сезоната, но од летната пауза, „тркалото се сврте“ и Луис Хамилтон со доминантна низа ја освои својата петта титула во неделата во Мексико.
„Тука имам различно мислење од другите. Вистина е дека имавме силен болид, но перцепцијата дека имавме доминантен болид не е вистинита. Само погледнете ги резултатите и покажете ми каде е доминацијата. Во Спа немавме пол-позиција, а победивме поради посебноста на патеката. Лани немавме доволно коњски сили во моторот и затоа не можевме да претекнуваме. Но, Луис беше на една до три секунди зад мене. Брзината беше иста. Тоа не е доминација, туку тесна битка. Не велам дека имавме лош болид, бидејќи не е така, но немавме доминантен болид“, вели Фетел во интервју за „Аутоспорт“.
И покрај тоа што многу фанови на Ферари беа лути на грешките кои ги направи Фетел, но и тимот на Ферари оваа сезона, Германецот вели дека знаел дека титулата „бега“ кога Мерцедес се појавиле со јасна разлика во Сингапур и Русија.
„Во основа, не бевме доволно брзи, а за титула, тоа е морате да го имате. Лани беше јасно дека не бевме доволно добро по средината на патеката, а и оваа беше слично. Имаше голем разлика и беше штета што не можевме да пружиме посилна битка“, вели Фетел.
Фото: ЕПА