По сите контроверзи на Бразилското ГП минатиот викенд, ниту трката во Катар не поминува без казни уште пред да почне, откако стјуардите му дадоа на лидерот во генерален пласман, Макс Ферстапен казна од 5 места за Катар ГП трката, која стартува во 15 часот.
Холанѓанецот, кој се квалификуваше како втор зад лутиотр ривал Луис Хамилтон, ќе стартува од седмото место откако стјуардите утврдија дека не успорил доволно за „двојното“ жолто знаме во финишот на третата квалификациска сесија во саботата.
Ферстапен беше последен возач на летечки круг, кога се „сретна“ со Пјер Гасли во Алфа Таури, кој имаше дупната предна гума. Тој го подобри своето време, по што следуваше долг состанок во неделата, пред да добие казна од пет места. Казнет е и Валтери Ботас, но само со три позиции откако наиде на само едно жолто знаме во летечкиот круг.
На казната веднаш реагираше Хамилтон, кој треба да надополни разлика од 14 поени во последните три трки од сезоната и посочи дека и тој добил казна од три места на минатогодишното Австриско ГП по „лобирањето“ на Ред бул.
„Единствената реакција е дека мора да се биде постојан. Во Австрија добив казна од три места за знаме кое не го видов. Добро е што се придржуваат до правилата“, изјави Хамилтон.
PROVISIONAL STARTING GRID, QATAR* #QatarGP ?? #F1
* = Following Verstappen and Bottas penalties pic.twitter.com/UmI8tYh4yj
— Formula 1 (@F1) November 21, 2021