Top Sport

Рекорден приход за Интер, но клубот е во загуба 48.4 милиони евра

Интер имале рекорден приход во финансиската година 2018/19 од 417 милиони евра, но и покрај тоа на крајот загубиле 48.4 милиони евра.

Интер, кој има кинески сопственици од 2016 (Сунинг холдинг групацијата), заврши на четвртото место во Серија А минатата сезона и загубата ја објасни со „значителни инвестиции за засилување на тимот“, вклучувајќи купување на фудбалери  и носење на тренерот Антонио Конте.

Приходот се зголемил за 20 отсто во однос на претходната година, најмногу поради 138-те милиони евра кои пристигнале како спонзорство и просек од 61.419 гледачи на домашните натпревари – највисок во Италија и петти највисок просек во Европа.

„Европските фудбалски клубови станаа компании за забава кои се натпреваруваат на глобалната сцена. Генерацијата З конзумира забава на сосема поинаков начин од традиционалниот и затоа треба да доминираме во дигиталните канали, да креираме иновативна соддржина со стил за младите луѓе од најразлични култури и да се фокусираме на тоа што се случува надвор од 90-те минути од фудбалскиот меч“, изјави 28-годишниот претседател на клубот, Стивен Жанг.

Интер се пофали дека има над 385 милиони навивачи, од кои дури 120 милиони во Кина.

Scroll to Top