Top Sport

ФИА постави „лежечки полицајци“ во Мексико!

Светската автомобилистичка федерација (ФИА) одреди нови правила за тоа каде се границите на патеката на првата кривина на патеката во Мексико Сити, во обид да се спречи повторување на минатогодишната трка.

На првиот круг во 2016 година, Луис Хамилтон помина низ тревата откако влезе широко во првата кривина и се врати на патеката во водство. Стјуардите на трката решија дека тој не ги прекршил правилата и не добил предност со потегот и не му наредија да го врати местото на Нико Розберг.

Подоцна на трката имаше уште поголеми контроверзи, кога Макс Ферстапен помина на ист начин во борбата за одбрана на позицијата од Себстијан Фетел, нешто за што подоцна доби казна и испадна од последното место на подиумот.

Иронично, на минатата трка во Остин, Тексас, Ферстапен повторно беше казнет за претекнувањето над Кими Раиконен во последниот круг, предизвикувајќи низа обвинувања и тешки зборови, за сега ФИА да реши да реагира. „Лежечки полицајци“ со височина од 50 милиметри се поставени на шиканите меѓу првата и втората кривина, но и меѓу втората и третата кривина.

„Поради безбедносни причини, секој возач кој ќе оди преку портокаловата шикана на левата страна на возачите меѓу првата и втората кривина, или кој ќе помине на левата страна на кривината втора, мора да се врати на патеката возејќи преку крајот на портокаловата шикана на левата страна меѓу кривините 2 и 3“, се вели во писмото кое директорот на трки, Чарли Вајтинг им го прати на сите тимови.

Слично ограничување постои и меѓу осмата и 11 кривина.

Ферстапен: Идиотите сакаат да ја уништат Ф1

 

Scroll to Top