Top Sport

ФИФА потврди – Светско клупско првенство во 2025 со 32 клуба!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) потврди дека во 2025 година, САД ќе бидат домаќини на „проширеното“ Светско клупско првенство со дури 32 клуба.

Ова клупско првенство досега опфаќаше седум клубови, победниците на шесте континентални натпреварувања и националните шампиони на домаќинот, но сега ќе има многу поопширно натпреварување. Според „Скај њуз“ во 2025 турнирот ќе опфаќа дури 12 европски клубови – победниците на Лигата на шампиони од 2021 до 2024, Челси, Реал Мадрид и Манчестер сити, а дополнителни осум клуба ќе бидат додадени според рејтингот.

„Светското клупско првенство во 2025 ќе биде врвот на машкиот професионален клупски фудбал, со потребна инфраструктура и огромен интерес. САД е совршен домаќин за овој нов глобален турнир“, вели претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Како на овие дополнителни мечеви ќе гледаат во УЕФА и во европските клубови останува да се види.

Следното издание на клупското СП е во Саудиска Арабија во декември оваа година.

Scroll to Top