Top Sport

ФИА вели дека Астон Мартин не е копија на Ред бул

Светската автомобилистичка федерација (ФИА) утврди дека Астон Мартин не го „копирале“ болидот на Ред бул, откако повеќе тимови изразија загриженост за сличноста на нивниот АМР22 и Ред бул РБ18 пред Шпанското ГП.

Тимот од Силверстоун во Барселона излезе со модифициран болид, кој од страните изгледа идентично како болидот на Ред бул од оваа сезона, и веднаш беше наречен „зелениот Ред бул“. Сличностите донесоа до истрага на ФИА, бидејќи според техничките правила не е дозволен таканаречен „обратен инженеринг“, што би се сметало за прекршуваање на лиценцните права. Ова не е првпат тимот, кој претходно беше познат како Рејсинг поинт, да се наоѓа под ваква истрага, откако во 2020 година имаа „копија“ на болидот на Мерцедес од 2019 година, тогаш наречен „розев Мерцедес“.

„Истрагата, вклучувајќи проверка на компјутерскиот дизајн и детална анализа на развојниот процес на Астон Мартин потврди дека не се направени прекршоци, така што подобрувањата на Астон Мартин се во рамките на правилата“, се вели во објавата на ФИА.

Шефот на Ред бул, Кристијан Хорнер вели дек сличноста не е „случајна“ посочувајќи на повеќе поранешни вработени на Ред бул кои сега работат кај ривалите – поранешниот шеф на аеродинаимка Ден Фелоус и поранешниот шеф на технички операции, Ендру Алеси.

„Копирањето е најискрен израз на ласкање. Навистина е нешто посебно да го наведеш својот тим да дојде со нешто што наликува на клон на нашиот болид. Неколку луѓе отидоа во Астон Мартин во текот на зимата и не можеш да контролираш што ќе однесат од тимот в својата глава. ФИА треба да го разгледа тоа“, изјави Хорнер.

Советникот на Ред бул, Хелмут Марко беше поостар.

„Мора да се разјасни како дојдовме до оваа неверојатна копија. Седум луѓе беа привлечени од нашиот тим, вклучувајќи го шефо на аеродинамиката со понуда за неверојатно високи плати. Не е само Ден Фелоус. Има докази дек податоци биле копирани“,обвини Марко.

„Розевиот Мерцедес“ на Рејсинг поинт добил зелено светло од ФИА

Scroll to Top