Top Sport

Рангник жали што не изградил тимски дух во Манчестер јунајтед

Ралф Рангник признава дека најмногу жали што не успеал да изгради подобар тимски дух во Манчестер јунајтед во неговите неколку месеци како преоден менаџер на „ѓаволите“.

Рангник беше донесен како замена за Оле Гунар Солскјер, кој доби отказ во ноември, но не успеа да ја спаси очајната сезона, која ќе биде најлоша за Јунајтед во ерата на Премиерлигата. Пред последниот меч од сезоната, на гости кај Кристал палас во недела, по што ќе ја предаде работата на Ерик Тен Хаг,Германецот смета дека сезоната се „распаднала“ по елиминацијата од Атлетико Мадрид во ЛШ.

„Од мечот против Атлетико, не успеавме да ја вратиме формата. Причина за тоа е самодовербата, менталитетот и тимскиот дух. За мене, најголемото разочарување е што не изградивме тимски дух. Тоа е најголемиот проблем. По Атлетико, загубивме самодоверба и енергија, откако претходно се зацврстивме во одбраната. Уште верувам дека има јадро на фудбалери кои се врвни и кои можат да го кренат овој клуб и се надевам дека ќе останат следната сезона. Ако донесеме играчи со вистински менталитет, тогаш ќе го вратиме клубот на вистинско место. Можеби нема да се случи во еден преоден рок, но во следните два-три сигурно“, вели Рангник.

Scroll to Top