Поранешниот шеф на тимовите на Бенетон и Рено, Флавио Бриаторе е во сериозна состојба во болница во Милано откако се заразил со корона вирусот, јавува италијанскиот весник „Ла република“.
70-годишниот Италијанец имал пневмомија и се наоѓал во болницата „Сан Рафаеле“, и доаѓа само една недела откако тој ги критикуваше властите за затварањето на неговиот ноќен клуб „Билионер“ во Порто Серво, Сардинија по епидемијата на КОВИД-19, откако дури 52 членови на неговиот ресторан имале позитивен тест.
Исто Бриаторе играше добротворен фудбалски меч во хотелот „Кала ди Волпе“ во Порто Серво на 15 август, кога беше присутен и српскиот тренер на Болоња, Синиша Михајловиќ, кој исто така се зарази со корона вирусот.
Бриаторе се вклучи во Ф1 во 1988 година со Бенетон, прво како комерцијален директор, а подоцна како шеф. Под негово водство, Михаел Шумахер ги освои првите две од неговите седум светски титули во 1994 и 1995 година. Тој се врати како шеф на Рено во 2001 година, и додека беше шеф Фернандо Алонсо ги освои титулите во 2005 и 2006, пред да биде приморан да си даде оставка откако му нареди на Нелсон Пике Јуниор да се судри на Сингапур ГП трката во 2008 за да му помогне на Алонсо да има подобар пласман.