Top Sport

Формула 1 ќе има нов начин на „менаџирање“ на трките, Маси ќе биде „жртвуван“?

Формула 1 шампионатот ќе има целосно нова структура за менаџирање на трките во обид да се избегне нова контроверза како на последната трка од минатата сезона во Абу Даби, тврди „Би-би-си“.

dobivaj vesti na viber

По драматичниот финиш на сезоната, во кој Макс Ферстапен го помина Луис Хамилтон во последниот круг во Абу Даби, откако безбедносното возило се тргна од патеката по необичната наредба на директорот на трката, Мајкл Маси, Мерцедес најавија протест, од кого потоа се откажаа, иако побараа менување на системот во Ф1.

Според „Би-би-си“, плановите на ФИА се да се воведат серија „безбедносни мерки“ со кои директорот на трки на Ф1 ќе може да прави послободни одлуки, но без притисок од шефовите на тимовите. Исто така, останува нејасно дали Маси ќе ја заддржи својата позиција, иако ФИА смета дека тој бил нефер нападнат од шефовите на двата ривалски тима, Тото Волф и Кристијан Хорнер.

Исто така е можна и ревизијата на изборот на стјуардите на трките, кои се независни од директорот на трки и одлучуваат за прекршувањето на правилата.

 

link vào go88 không vào được go88 Go88 Club - Thiên đường cờ bạc online

miễn phí tải game sunwin download sunwin ios sunwin it solutions

Scroll to Top