Top Sport

Формула 1 наскоро со акциски план како реакција на контроверзната трка во Абу Даби

По завршувањето на истрагата за прекршувањето на правилата за рестарт под безбедносно возило на завршната трка од сезоната 2021 во Абу Даби, претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулајем го претстави планот пред Ф1 комисијата во Лондон и најави објава за план за „реструктуирање“ во наредните неколку дена.

Последната трка од сезоната беше обвиена во контроверзи, откако Макс Ферстапен во последниот круг од трката го помина Луис Хамилтон и ја освои својата прва светска титула, откако директорот на трки на Ф1, Мајкл Маси, реши да ги пропушти болидите кои беа меѓу двајцата возачи зад безбедносното возило за да има последен круг тркање. Во Мерцедес сметаа дека вака се прекршени правилата на ФИА и дури постоеја шпекулации дека Хамилтон нема да се врати во спортот доколку Маси остане директор.

„Претседателот на ФИА ја предводеше деталната дискусија околу Абу Даби ГП трката од 2021. Фидбекот од Ф1 комисијата ќе биде вклучена во анализата на претседателот кој ќе објави акциски план за структурални промени во наредните денови“, се вели во објавата на ФИА.

Тие не даваат детали каков е заклучокот на истрагата, но според „Аутоспорт“, Маси ќе остане на својата позиција, но ќе добие „заштита“ од влијание од шефовите на тимовите.

Scroll to Top