Top Sport

Капело: Мурињо со изјавите прави економска штета на Рома

Поранешниот тренер на Рома, легендарниот Фабио Капело го нападна сегашниот тренер на „волчицата“ Жозе Мурињо, велејќи дека со неговите постојани критики на сопствените играчи прави економска штета на клубот.

„Владеењето“ на Мурињо во Рома почна одлично, но како што пристигнаа разочарувачките резултати кои ги поставија на седмото место на табелата со шест поени зад место кое води во ЛШ, Португалецот прво ги критикуваше судиите, а потоа и сопствените играчи.

„Тој ги навредува сопствените играчи. Никогаш не сум го направил тоа. Да, критиките се добри, но почитта мора да биде тука. Тоа е првото правило – почит од и кон секого. Ако ги навредувате играчите како Мурињо, правите економска штета на клубот“, вели Капело.

Минатата недела, „Кориере дело спорт“ објави дека Мурињо ги обвинил сопствените играчи дека немаат карактер и дека „немаат мадиња“ по 2:0 поразот од Интер во Копа Италија.

Scroll to Top