Формула 1 шампионатот планира да користи одржливо гориво до 2026 година како дел од ветувањето за постигнување на карбонска „неутралност“ до 2030 година.
Новите хибридни мотори, кои треба да почнат да се користат од 2026 година ќе користат целосно синтентичко гориво, за кое подоцна се надеваат дека ќе се користи во стандардните мотори со внатрешно согорување и ќе биде прифатено од автомобилската инустрија. Според „Би-би-си“, само 1 отсто од светските автомобили биле електрични или хибридни во 2020 година.