Екипата на „Форс Индија“ што се натпреварува во шампионатот на Формула 1 соопшти дека периодот во мој се наоѓа е „критичен“, поради финансиските проблеми кој можат да влијаат врз опстаникот на тимот.
„Се наоѓаме во критичен период, кој би можел да трае една или две недели. Мораме да бидеме трпеливи“, рекол челникот на тимот Томас Шафнауер.
Проблемите на Форс Индија започнаа во ист период кога започнаа и проблемите на сопственикот Виџај Малаја, кој се бори да не биде испорачан во Индија поради обвинение за измама, што тој го негира.
Британските медиуми пренесоа дека во овој момент постојат најмалку тројца заинтересирани купувачи за овој тим.