Иако се работи за стара (и не многу квалитетна) фотографија, Формула 1 фановите ја споделуваа бидејќи на нив има четири деца со сон за брзина и за Ф1, од кои за жал едниот нема да ја исполни.
Се работи за група на осумгодишни деца кои се натпреваруваа во картинг трките – Антоан Убер, Шарл Леклер, Естебан Окон и Пјер Гасли.
Тројца од нив се денеска во Формула 1 или блиску до спортот – Леклер (Ферари), Окон (најверојатно ќе заврши во Рено) и Гасли (Торо Росо), додека четвртиот, 22-годишниот Французин Убер го загуби животот во саботниот пеколен судир на патеката Спа.