Top Sport

Фред Васер нов шеф на Ферари

Ферари ги потврди медиумските шпекулации дека Фред Васер ќе биде новиот шеф на тимот. Ферари потврдија дека Васер е назначен за нов директор.

Французинот вчера објави дека по три години на чело на тимот ја напушта директорската функција во Алфа Ромео, а само ден подоцна застана на чело на Скудерија. Оваа вест „Газета дело Спорт“, ја објави на 15. ноември, но тогаш Ферари ја демантираше.

Ваквиот расплет се наметна од моментот кога Матијас Биното минатата недела ја напушти функцијата.

Васер има 54 години. Во Формула 1 е од 2016 година, кога беше на чело на Рено.

 

Scroll to Top