Top Sport

Динамо Загреб „подобар“ од Реал, ПСЖ, Јувентус

На Светското првенство во Катар останаа уште четири репрезентации кои во вторник и среда ќе ги одиграат полуфиналните натпревари.

Во вторник од 20 часот играат Хрватска и Аргентина, а ден подоцна во истиот термин силите ќе ги одмерат Франција и Мароко.

Интересно е да се види кои клубови имаат најмногу играчи во полуфиналето.

Неверојатно звучи податокот дека Динамо Загреб е на четвртото место по застапеност на играчите. „Модрите“, на овој турнир имаат четворица фудбалери, а сите четворица играат, најтрофејниот тим во Хрватска.

Станува збор за голманот Доминик Ливаковиќ, напаѓачите Бруно Петковиќ и Мислав Оршиќ и дефанзивецот Јосип Шутало.

Најмногу претставници има Баерн, шест: Кингсли Коман (Франција), Бенжаман Павард (Франција), Дајот Упамекано (Франција), Лукас Хернандез (Франција), Јосип Станишиќ (Хрватска) и Носаир Мазрауи (Мароко).

По пет преставници имаат Севиља: Буну (Мароко), Ен Несири (Мароко), Папу Гомез (Аргетнина), Минтиел (Аргентина), Акуња (Аргетнина) и Атлетико Мадрид: Гризман (Франција), Грбиќ (Хрватска), Де Пол (Аргетнина), Молина (Аргентина) и Анхел Кореа (Аргентина).

На листата потоа е Динамо, кој зад себе ги остави гигантите кои имаат по тројца играчи на Мундијалот: Реал Мадрид, Тотенхем, Јувентус, Пари Сен Жермен.

Scroll to Top