Top Sport

Грејди брутално го истепа Калихан

Возачот Ендрју Грејди предизвика невиден инцидент на трката од серијата НАСКАР во Вирџинија.

dobivaj vesti na viber

По трката, Грејди дојде до болидот на Деjв Калихан, кој имал контакт со него за време на трката и го исфрлил од истата. Камерите го снимија Грејди како оди до автомобилот на Калихан, го кине штитникот на прозорецот и потоа брутално го тепа возачот кој седи во автомобилот.

Изнервираниот Грејди по инцидентот изјавил дека немал намера да го удри Калихан, дека само сакал да разговара, но Калихан одбил.

„Немав друг избор освен да почнам да го удрам. Навистина имаме секакви идиоти на трките денес. Некои од нив не треба да возат косилки, а не да се тркаат. Големите момци се натпреваруваат овде и кога ќе удриш во еден од нив, мора да ги трпиш последиците“, рече Грејди.

 

Scroll to Top