Top Sport

Грожан: Ф1 е како да го пратиш Федерер со пинг-понг рекет на Ролан Гарос

Роман Грожан смета дека Формула 1 е „шоу“, а не спорт, поради тоа што е неопходно да имаш добар болид за да направиш некаков впечаток, што никако не е фер.

Французинот има 164 старта во Ф1 кариерата со десет подиуми, а откако пристигна во Хас во 2016 година не беше блиску до подиумот и беше мета на критики поради слабата форма, но доби договор и за 2020. Запрашан дали со своите 33 години значи дека ќе се пензионира без победа, тој не штедеше критики.

„Може да се случи. Мислам веќе имав среќа 10 пати да сум на подиумот. Требаше да победам на две ГП трки, Европското ГП во 2012 и Германското ГП во 2013, но не ми тргна. Ја нарекуваме Формула 1 спорт, но дали е така? Не сум сигурен. Се работи за шоу, бидејќи спортот треба да биде фер. Има големо побарување, а тоа е како да го пратите Роџер Федерер со пинг-понг рекет на Ролан Гарос. Ниту тој не би имал шанса. Дали тенисот би бил спорт, ако има различни рекети или ако теренот е поширок на една страна?“, вели Грожан.

Scroll to Top