Top Sport

Добра партија против Русите, но на крај повторно поразени

Македонската кошаркарска репрезентација загуби со Русија со 77:67 во вториот квалификациски меч за Евробаскетот во 2021 година, но за разлика од првиот меч на домашен терен против Естонија, овојпат значително го поправи впечатокот, играјќи рамноправно со „Зборнаја“ во Перм.

Во првата четвртина, македонската репрезентација предводена од Војдан Стојановски и Андреј Магдевски постојано имаше предност и ја доби со 20:19, пред Русите да се вратат во втората третина и на полувреме да отидат само со два поени предност. Сепак, Русите успеаја да го изддржат притисокот на крајот да однесат 77:67 победа, прва за нив во квалификациите по катастрофалниот  83:64 пораз од првиот фаворит во нашата група, Италија.

Шејн Витингтон и Магдевски со 14 поени беа најефикасни во нашата репрезентација, Стојановски додаде 12, додека за Русите Виталиј Фридзон имаше 23 поени, а Димитриј Кулагин заврши со 15. За Македонија сега следува најтешкиот тест, гостувањето кај Италија во четврток.

ЕВРОБАСКЕТ 2021, КВАЛИФИКАЦИИ, 2.КОЛО

Русија – Македонија 77:67 (19:20, 19:16, 19:17, 20:14)

Естонија – Италија 18.00 ч.

Табела: 1.Русија 3, 2.Италија 2, 3.Естонија 2, 4.Македонија 2

Scroll to Top