Top Sport

Грожан му се извинил на Хамилтон за пораката против расизмот

Возачот на Хас, Роман Грожан му се извинил на Луис Хамилтон поради тоа што не застанал целосно зад анти-расистичката порака која требаше да ја пратат Формула 1 возачите.

Хамилтон го издвои Французинот, кој е еден од директорите на Асоцијацијата на ГП возачи (ГПДА) по трката во Унгарија тврдејќи дека тој сметал дека работата е завршена. Грожан имал 45-минутен телефонски разговор со шесткратниот шампион, во кој се извинил и кажал дека ги претставува тие возачи кои биле загрижени за можната политичка конотација на пораката.

„Зборувавме за многу работи, за Формула 1 и секако за пораката против расизмот. Му објаснив на Луис дека можеби згрешив. Не знам. Мислам дека бев во право тогаш бидејќи заедно со Себастијан Фетел, има двајца директори во ГПДА. Седум-осум возачи не беа задоволни од церемонијата каква што беше извршена во Австрија. Себастијан беше во насока да се продолжи со пораката за крај на расизмот, но јас зборував за тие кои не беа презадоволни. Од сегашна перспектива, тоа можеби беше грешка и Луис имаше добри аргументи. ГПДА функционира со гласање“, вели Грожан.

Scroll to Top