Top Sport

Хакинен: Ќе му биде многу тешко на Хамилтон ако Мерцедес немаат најбрз болид

Луис Хамилтон ќе го очекува „емоционална борба“ во Формула 1 шампионатот во 2022 доколку Мерцедес го немаат најбрзиот болид во шампионатот, предупредува двократниот светски шампион Мика Хакинен.

Околу иднината на ѕвездата на Мерцедес има многу шпекулации по контроверзниот финиш на минатата сезона, кога ја изгуби титулата во последниот круг од последната трка од сезоната во Абу Даби од Макс Ферстапен во Ред бул. Со нови правила кои стапуваат на сила оваа сезона, никој не може да гарантира дека Мерцедес пак ќе има супериорен болид и Хакинен, кој освои две титули со Мекларен, но со мотори на Мерцедес во 1998 и 1999 година вели дека предизвикот ќе биде голем.

„Патот на Луис во Формула 1 беше долг и има многу работи кои ќе одлучуваат дали ќе продолжи. Тој ја има потребната самодоверба, бидејќи победуваше, беше на врвот и сите гледаа кон него. Си мисли дека мора да продолжи така. Но, регулативите се драстично сменети и болидите ќе бидат целосно нови машини, така што постои шанса да не се најде оптималното решение. Ако тоа му се случи на Луис, тогаш ќе биде тешко да го прифати тоа. Кога си бил на врвот на планината и одеднаш пак треба да се качуваш, ќе мора емоционално да си силен“, вели Хакинен, кој откако ги освои двете титули со Мекларен, не можеше да најде одговор за супериорното Ферари со Михаел Шумахер, кои освоија пет титули во низа.

Scroll to Top