Top Sport

Кампувал една недела пред тренинг-центарот на Рома за да го види Мурињо, на крај доби ручек!

Има луѓе кои го „презираат“ Жозе Мурињо, намалувајќи ги неговите успеси и нарекувајќи го тренер со „застарени“ методи. Но, има и луѓе кои би направиле луди работи за „Специјалниот“.

Тука доаѓаме до Марко, момчето од Сицилија, кое една недела кампувало пред тренинг-центарот на Рома за да може да го сретне португалскиот тренер и да му посака среќен роденден, откако тој наполни 59 години на 26 јануари.

Марко објаснува дека е фан на Мурињо од времето кога тој беше тренер на Порто во 2004 година и шокантно стигна до титулата од Лигата на шампионите. Откако бил забележан со банерот на својот автомобил пред центарот во Тригорија, Рома и Мурињо решија да го повикаат на ручек со тренерот и неговиот тим.

Scroll to Top