Top Sport

Хакинен ќе вози во Трката на шампионите

Мика Хакинен го потврди учеството во Трката на шампионите. Домаќин на трката, на 5. и 6. февруари наредната година ќе биде Пит Хавсбад, Шведска. Трката се вози по снег и мраз.

Двократниот светски првак во Формула 1, Хакинен, заедно со возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, ќе возат за Финска. Ќе се бодива тимскиот и индивидуалниот пласман во трката.

„Сакам да се натпреварувам. Ова ќе биде едно поинакво искуство од она кое го имав во Ф1. Ќе се подготвувам во Финска. Драго ми е што ќе бидам во тимот со Валтери. Очекувам победа. Се надевам дека многу наши навивачи ќе дојдат да не поддржат“, рекол Хакинен.

Покрај Финците, Хакинен и Ботас, учеството во трката веќе го потврдија Петер и Оливер Солберг, потоа трикратниот шампион во рело крос, Јохан Кристоферсон, Том Крустенсен, кој девет пати победил во Ле Ман, легендарниот рели возач, Себастијан Лоеб и Американецот Тревис Пастарана.

Scroll to Top