Top Sport

Мбапе: Тој е Лионел Меси, мора да му го препуштам пеналот!

Синоќа ПСЖ со 3-2 славеше против Лајпциг во 3. коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Килијан Мбапе беше еден од јунаците на „Светците“, го даде првиот гол на мечот. Во продолжение најпрво му асистираше на Лео Меси при вториот гол за својот тим, а изнуди и пенал кој Аргентинецот го претвори во водство од 3-2.

Во изјава за француските медиуми младиот голгетер рече дека му го препуштил пеналот на Меси од почит кон повозрасниот колега, иако било планирано тој да изведува најстрога казна.

„Тоа е нормално и се работи за почитување. Па тој е Лео Меси, најдобриот фудбалер во светот, секако дека ќе му го препуштам пеналот! Тоа што дојде во нашиот клуб е привилегијаи ова го велам веќе стопати. Ако е пенал, тогаш шутира тој, и точка. Тука нема дискусија“ рече Мбапе.

Во самата завршница од синоќешниот меч на „Паркот на принцовите“ беше досуден уште еден пенал за домашните, го изведе токму Мбапе, ама беше непрецизен.

„Меси ми рече да шутирам јас. Тоа го сторив затоа што веќе се беше решено. Меѓутоа, првиот, одлучувачкиот мораше тој да го шутира“ потенцираше Французинот.

Scroll to Top