Top Sport

Хакинен сигурен дека Хамилтон размислува за заминување од Мерцедес

Двократниот Ф1 шампион, Мика Хакинен смета дека Луис Хамилтон би можел да замине од Мерцедес по лошиот старт на сезоната, откако претходно осум сезони со „сребрената стрела“ имаше доминантен болид.

Хамилтон во првите три трки од сезоната има еден подиум, на првата трка во Бахреин, но откако двата болиди на Ред бул се откажаа и се наоѓа на петтото место во генерален пласман со 43 поени за лидерот во генерален пласман, Шарл Леклер во Ферари.

„Сигурен сум дека Луис е крајно исфрустриран од ситуацијата, посебно откако на последната трка беше победен од новиот тимски колега, Џорџ Расел. Но, за жал го очекува тешка сезона. Тешка за Мерцедес, но уште потешка за Луис. За Џорџ, кој дојде од тим без успех, работите се нови и добри, секое остварување се важи. За Луис, ова е катастрофа, а бидејќи Џорџ засега е пред него, работите се уште полоши. Затоа сега ќе почне нормалниот процес кај возачите со прашањето: ‘Дали треба да одам на некое друго место?’. Тоа е факт. Тој е во Мерцедес со години и освои многу титули, но секогаш мислиш на друг тим кога не ти оди најдобро“, смета Финецот.

Scroll to Top