Top Sport

Аргентинците му се „навртеа“ на Гарначо за изјавата дека Роналдо е „GOAT“!

Вечната дебата, кој е најдобриот на сите времиња – Кристијано Роналдо или Лионел Меси повторно беше „разгорена“ на социјалните мрежи благодарение на постот на тинејџерот на Манчестер јунајтед, Алехандро Гарначо и одговорот кој го доби од легендарниот Серхио Агуеро.

17-гоишниот Гарначо по вчерашниот меч помеѓу Јунајтед и Норич, на кој Кристијано Роналдо постигнаа хет-трик објави фотографија со Португалецот на социјалните мрежи со порака: „Најголемиот на сите времиња“.

Но, овој пост на младиот Аргентинец не наиде на добар прием во неговата татковина, и илјадници фанови го потсетија дека Лионел Меси е најдобриот. Дури и поранешниот напаѓач на Манчестер сити и Барселона, Серхио Агуеро реши да коментира, додавајќи дека мисли дека Роналдо е најдобар бидејќи не играл покрај Меси.

„Само бидејќи уште не си играл со најдобриот на светот“, напиша Агуеро.

Scroll to Top