Top Sport

Чави: Барса нема да го менува стилот на Кројф поради еден пораз

Чави Ернандез останува посветен на фудбалската филозофија која на „Ноу Камп“ ја воспостави легендарниот поранешен играч и тренер Јохан Кројф и покрај катастрофлното испаѓање во четврт-финалето на Лига Европа по 2:3 поразот од Ајнтрахт Франкфурт.

На написите во кои се сугерира дека Барса треба да се навикне и на „тврди и цврсти“ мечеви во кои резултатот е поважен од играта, Чави одговара дека нема потреба да се менува системот кој функционира добро последните 30 минути.

„Со тој стил на игра освоивме пет титулаи од Лигата на шампионите. Јохан Кројф го креираше и тој донесе резултати и трофеи. Мораме да бидеме подобри, тука нема сомнеж, да се корегираме и да веруваме, но нема да ја менуваме нашата ДНК поради еен пораз или еден трофеј“, вели Чави пред понеделничкиот меч со Кадиз.

Scroll to Top