Top Sport

Кавани не дозволи пораз на ПСЖ во Марсеј

Ѕвездениот тим на Пари Сен-Жермен мораше да се потпре на Единсон Кавани за да извлече 2:2 реми на супер-тешкото гостување кај лутите ривали Олимпик Марсеј, откако Нејмар доби два жолти картони во финишот на мечот.

Луиз Густаво ги донесе „јужњаците“ во водство во 16-тата минута на Велодром во Марсеј, пред Нејмар да израмни во 33. минута од мечот. Овој резултат беше актуелен се до 78. минута, кога Флоријан Товин постигна гол за водство на домаќините, а изгледаше дека сè е решено, кога  на сцена стапи Уругваецот Кавани, кој со фантастичен гол од слободен удар донесе поен за лидерите во Лига 1.

По 10 кола, ПСЖ остануваат убедливи лидери во Франција со 26 поени (8 победи и 2 ремија), додека Марсеј се петти со 18 поени.

Scroll to Top