Top Sport

Хамилтон до ФИА: Кога ќе ми ја вратите победата од Спа во 2008? (видео)

Луис Хамилтон повторно на социјалните мрежи го кажува своето (понекогаш контроверзно) мислење, пред да ја избрише пораката. Овојпат на удар на четирикратниот актуелен Ф1 шампион беше ФИА и наводната „украдена“ победа од Белгиското ГП во 2008 година.

Хамилтон се потсети на возбудливата трка во Спа од пред една деценија, кога тој зад воланот на Мекларен се бореше со Кими Раиконен (и тогаш во Ферари) на силен дожд. Тој излета од патеката, но се врати и пак го помина Раиконен. Финецот потоа излета од трката, а Хамилтон заврши како прв, по што стјуардите му дадоа казна од 25 секунди бидејќи оценија дека добил предност со излегување од патеката. Со ова Хамилтон беше трет, а Фелипе Маса беше прогласен за победник.

Пред новото Белгиско ГП, Хамилтон на своите 6.9 милиони следбеници на Инстаграм им порача дека е крајно време да ја сменат одлуката. Набргу тој ја избриша пораката.

Сопругата на Кими: Ако сака да плаче, Хамилтон нека оди на балет!

Scroll to Top