Top Sport

АС: Модриќ се предомисли, останува во Мадрид

Според шпанскиот весник „АС“, познат по блиските врски со Реал Мадрид, капитенот на хрватската репрезентација, Лука Модриќ направил одлука и решил да остане во „кралскиот клуб“ и покрај големата понуда од Интер.

Претходно, италијанските медиуми тврдеа дека Модриќ се согласил за личните услови со Интер преку контакт со неговата сопруга Вања Босниќ, иако претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез инсистираше дека Хрватот може да замине само ако некој ја плати излезната клаузула од 750 милиони евра.

„Марка“ пак тврди дека „Лос бланкос“ му понудиле нов договор со двојно зголемување на сегашната плата од 6.5 милиони евра, во обид да не изгубат уште едно големо име по заминувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус. Сега, „АС“ тврди дека Модриќ направил одлука која им ја соопштил на луѓето во клубот и на своите најблиски.

Ова можеше да се „протолкува“ и од последната фотографија која Модриќ ја постираше на социјалните мрежи со тренинг со Реал и со пораката: „Назад на работа“.

Scroll to Top