Top Sport

Хамилтон: Фетел не доби вистински болид од Ферари

Светскиот шампион Луис Хамилтон вели дека се надева дека шпекулациите дека Себастијан Фетел ќе заврши во Астон Мартин следната сезона се вистинити бидејќи тој во ниту еден момент не добил болид од Ферари со кој можел да покаже што умее.

Ривалството меѓу двајцата најуспешни возачи во последната деценија повторно не се реализира на патеката оваа година, откако Мерцедес имаат драстично подобар болид од Ферари, кои никако не успеваат да ги надминат проблемите. Фетел има само 10 поени оваа сезона, додека Хамилтон стигна до 88 по првите четири трки од сезоната.

Се верува дека Фетел ќе биде објавен како замена за Серхио Перез во Астон Мартин (кои сега се познати како Рејсинг поинт) и Хамилтон сака тоа да се оствари.

„Во моментов тој не добива болид со кој може да блесне. Неговиот тим го постасви во сенка, а потребен ти е тим кој те крева и поддржува. Се надевам дека ќе добие место во 2021 со Рејсинг поинт, бидејќи тие имаат болид со потенцијал. Уште не е готово со него“, вели Хамилтон.

Scroll to Top