Top Sport

Вотфорд подготвува отказ за фудбалерот кој снимаше секс-забави

Венецуелскиот напаѓач на Вотфорд, Адалберто Пењаранда е блиску до отказ од клубот откако на социјалните мрежи објавил видео во секс-забава во неговиот дом.

23-годишниот Пењаранда дојде во Вотфорд во 2016 од Удинезе за 9.54 милиони фунти, но последните четири години беше позајмен фудбалер во Малага (2017-18) и белгискиот клуб КАС Еупен (2018-20). И покрај шансите да го покаже својот потенцијал, тој има само три настапи за Вотфорд, и тоа во куп натпреварувањата.

Вотфорд потврдија дека ќе спроведат внатрешна истрага за инцидентот, и вестите од Англија тврдат дека новиот англиски второлигаш нема да го толерира ваквото однесување и тој ќе добие отказ.

Scroll to Top