Top Sport

Хамилтон: Фрустриран сум затоа што не се послушав самиот себе!

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон денеска трката за ГН на Турција ја заврши на 5. позиција, а по неа, за сајтот на Формула 1 изјави дека се кае што не се послушал самиот себе и што не продолжил да вози со стари гуми, туку ги послушал клупските наредби да замине во пит-стоп.

На 8 круга пред крајот, Хамилтон беше трет, зад Ферстапен. Првиот повик од тимот за менување на гумите го игнорираше, но по новиот повик – прифати. По тоа луто реагираше до инженерот Пит Бонингтон.

„Не требаше да одам, ти реков“ му рече Хамилтон.

По трката се смири, но сепак е уверен дека екипата донела погрешна одлука.

„Мислам дека требаше да останам на патеката, моето чувство беше тоа. Фрустриран сум затоа што не се послушав самиот себе!“ вели Британецот.

Запрашан дали мисли дека гумите би издржале до крај, вели:

„Окон издржа, верувам дека и моите ќе издржеа. Беше добро чувството на третата позиција, си реков ако останам тука тоа е сјаен резултат, со оглед дека тргнав од 11. позиција. Вака е лошо“ – смета тој.

Директорот на Мерцедес, Тото Волф ја поддржа стратегијата на екипата. Тој смета дека ако не ги сменел гумите ќе бил загрозен, а можеби немало да ја заврши трката.

Scroll to Top