Top Sport

Од Баерн „фрлиле око“ на четворица играчи на Барса

Баерн Минхен неколку сезони во низа има најсилен тим во Германија, а не е далеку од оваа рамка и во европските натпреварувања. Сепак, баварскиот клуб би сакал дополнително да се засили и тоа на „каталонски“ погон.

Шпанските медиуми пренесуваат информација дека Баерн е заинтересиран во своите редови да види дури четворица првотимци на Барса.

Се работи за голманот Марк-Андре Тер Штеген, бекот Дест, како и играчите за врска – Френки де Јонг и младиот Педри.

Кај актуелниот германски шампион се свесни дека сите четворица се под договор, но ги контактирале нивните агенти за да стават до знаење дека постои интерес за нивен ангажман.

Очигледно дека во Баерн се подготвени да ја искористат финансиската криза која силно го дрма тимот од „Ноу Камп“, но сепак доведувањето на овие фудбалери во Минхен нема да е лесна задача.

Во истовреме се поставува прашањето и дали тие би сакале да играат за Баерн.

Scroll to Top