Откако шесткратниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон ги критикуваше своите колеги дека останале тивки и покрај дебатата за расизмот во САД по убиството на Џорџ Флојд, повеќе возачи постираа на социјалните мрежи пораки против дискриминацијата.
Во неделата навечер, Хамилтон ги нападна своите ривали, велејќи дека „стои сам“ во „спорт доминиран од белци“ додека низ повеќе градови низ САД и Европа имаше протести поради смртта на Фјолд.
„Ве гледам како сте тивки, дел од најголемите ѕвезди во спортот, кои се тивки во лицето на оваа неправда. Ниту еден знак од некој во мојата индустрија, која секако е во спорт доминиран од белци. Јас сум единствен кој не сум бел и стојам сам. Би мислел дека досега некој од вас ќе видеше зошто се случува ова и да кажете нешто против, но не можете да стоите покрај нас. Знам кои сте и ве гледам“, напиша Хамилтон.
Иако дел од критичарите сметаа дека е невкусно од него да ги „прозива“ колегите вака, по оваа порака, Шарл Леклер, Даниел Рикардо, Лендо Норис и други од Ф1 спортот се јавија со свои пораки.
„Вестите од последните неколку дена ме направија тажен, тоа што му се случи на Џорџ Флојд и што продолжува да се случува во денешното општество е срамота. Сега треба да стоиме заедно, обединети. Расизмот е токсичен и треба да биде соочен не со насилство или тишина, туку со единствно и акција. Мораме да застанеме. Black Lives Matter“, напиша Рикардо.
Возачот на Ферари, Шарл Леклер, призна дека згрешил што не се јавил порано.
„Да бидам искрен, се чувствував неудобно да ги споделувам моите мисли на социјалните мрежи за целата ситуација и затоа не се јавив порано. И целосно згрешив. Уште барам зборови да ги опишам неделата од видеата кои ги видев. Расизмот мора да биде соочен со акција, не тишина. Нашата одговорност е да зборуваме против неправдата. Стојам поркај #BlackLivesMatters“, напиша Леклер.
Покрај нив, неправдата ја осудија и Николас Латифи и Серхио Перез.
I still struggle to find the words to describe the atrocity of some videos I’ve seen on Internet.
Racism needs to be met with actions, not silence. Please be actively participating, engaging and encouraging others to spread awareness. 2/3— Charles Leclerc (@Charles_Leclerc) May 31, 2020